На 29.10.2021 во 11:50 часот 19 годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ. Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичка партија. Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Го поткупиле со 1000 денари за да гласа на изборите
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија