Синот на починатиот градоначалник Јован Стојаноски денес се обрати комеморацијата на неговиот татко. Димитар Стојаноски зборувајќи за Јован, рече дека по победата на локалните избори, охридскиот градоначалник рекол „Луѓе дајте да живееме за Охрид“.
„Фин беше. Уште како дете ме носеше на натпревари и ми велеше, ќе те научам што е љубов. Пред некој ден дојде дома на еден саат. Заспа дома. Му велам "Како можеш да заспиеш толку брзо?", а тој возврати "Сине, мене чиста ми е совеста". Ме учеше да ги почитуваме вредностите на животот“, рече Димитар, син на градоначалникот Јован Стојаноски.
„Опседнат беше со кејот. Тоа се луѓето на Охрид. Ве замолувам, кога ќе се реализира тој проект, да го носи неговото име“, замоли брат му.

На комеморацијата се обрати и секретарот Игор Бежовски, во име на општинската администрација.
„Со мене беше и на последното патување накај Скопјр. Заедно го завршивме и последниот колегиум за буџетот на Охрид. Во 2019 сакам да видам нови училишта, градинки, касарна... Ќе продолжиме по твојот пат“, рече Бежовски.