ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

„Го сакам Водно“ до Анѓушев: Упорно ги користите истите излитени аргументи за заштеда на шуми од сечење за греење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
46445114_1835047236563952_6897350416585981952_o

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ преку објава а сцијалната мрежа Фејсбук се обратија до вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во својата објава тие напишаа дека имаат разбирање за гасоводот, но вицепремиерот нема разбирање за Водно и за заштитената парк-шума во него.

— реклама —

„Повикувањето, после сите укажувања на огромниот број на нерегуларности и непочитувања на закони и прописи, мерки за заштита, да бидеме партнери во негова реализација, односно заеднички да ги контролираме градбите за да бидеме сигурни дека се изведени добро, за нас е знак на глувоста и слепоста на оваа Влада и терање како да е сè во најдобар ред и ништо од нашите посочувања сиве овие месеци да не се случиле.

Повторувањето на податокот дека била издадена градежна дозвола не ве амнестира од сите направени и толерирани пропусти до сега. Престанете да го претставувате целиот проект, во сите негови фази, каде изведбата на терен е само една од фазите, со еден единствен документ, одобрение за градење, како да е тоа документ што покрива секакви грешки и дозволува сè. На страна неговата валидност и сомнителниот процес како е издаден.

— реклама —

Веќе не се во прашање дрвјата, туку воопшто анализата на состојбите, како и стручноста на проектантите и изведувачите, а со тоа и оправданоста на самиот проект. Да се изведе гасовод на непристапен терен, во амбис, во најмала рака е несериозно, да не кажеме сулудо. Се размислувало ли воопшто како ќе се испита притисокот во цевката и од каде ќе се земе флуид за тоа? Ќе се носи ли вода во цистерни до врв на планина? Изборот на трасата предизвикува низа проблеми во иднина, дури и во самото одржување. А да не зборуваме дека трасата е и пат кој во иднина можат да го користат дрвокрадци. За свлечиштата кои се неминовни во амбисот каде го градите, кој ќе сноси одговорност? Вие лично? Или тоа го оставате за некој нареден кој ќе дојде на ваше место и ќе каже во ист стил дека проблемот е наследен, како за патот за Сончев град, проектиран од исти фирми, исти лица кои го проектираат и овој гасовод по наклони од 65%, 71%, по амбисот на вашата слепост и глувост и одбивањето да признаете дека гасоводот низ Водно е една огромна грешка.

Упорно ги користите истите излитени аргументи, манипулативно, за заштеда на шуми од сечење за греење, иако ви беа дадени противаргументи, не само на тој, туку и на сите други ваши ставови. Па како ќе го објасните гушењето во градов, во Куманово каде десетици и десетици илјади домаќинства се греат на дрва, а гас има донесено пред 20 години? Магистрален гасовод не мешајте со домаќинства кои се греат на гас и се приклучени на градска гасоводна мрежа. Првото не го повлекува автоматски и второто.

Зошто упорно одбивата да ги слушнете лошите вести, а ги прифаќате оние кои ви се допаѓаат, макар биле и лажни?

Гасоводот низ Водно е грешка и вие тоа добро го знаете и упорно продолжувате со оправдувања за финансиски губитоци, кога десетици пати повеќе средства се фрлени во разни други грешки од минати проекти. Зошто тука не сакате да попуштите? Што е причината други проекти да одложите на неколку години за да се поправат грешките, но тука не?“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања