Промени тема
Контакт

„Го убија каубојот од Донбас“: Руските националисти на нозе по мистериозната смрт на Американец што го обожаваа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Screenshot-2024-04-27-at-11.34.44

Расел Бенти, 64-годишен Американец од Остин, Тексас, кој е самопрогласен „Каубој од Донбас“ и се нарекува „Тексас“, ѝ се придружил на руската армија веднаш откако таа ја нападна источна Украина во 2014 година. Руската пропагандна машина го обожувала до тој степен што му дале руски пасош и емисија на државната телевизија Спутник ТВ.

Бенти го прифатил комунизмот, се оженил со Русинката Људмила и станал православен. Тој често ги критикуваше САД и тврдеше дека американскиот претседател Барак Обама раководел со „фашистичка влада“ која всушност била контролирана од олигарсите.

— реклама —

Меѓутоа, неговата сопруга за Волстрит журнал изјавила дека тој бил заробен од руски војници на 8 април во Доњецк, град во источна Украина кој е под руска окупација веќе 10 години. Единаесет дена потоа Бентли бил пронајден мртов, пренесува Јутарњи лист.

Американецот со тоа стана уште еден во низата учесници на т.н на Руската пролет - окупацијата на источна Украина која започна во 2014 година - кои се или во гроб или во затвор. Се уште не е познато како починал Бентли, а инцидентот ги налути руските националисти. Популарните блогери и коментатори бараат да се истражи смртта на Американецот и тврдат дека тој починал под сомнителни околности.

— реклама —

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и рускиот воен естаблишмент се најдоа на удар на екстремните националисти поради нивното справување со инвазијата на Украина. По справувањето со либералната опозиција, Москва го насочи своето внимание кон оние поврзани со руската пролет. Шефот на платеничката армија Вагнер Евгениј Пригожин, чијшто неуспешен пуч покажа дека во Русија нема консензус за војната во Украина, беше убиен два месеци по неа, а нашироко се сомнева дека е убиен од руските тајни служби.

— реклама —

Во моментов не е познато дали Бентли е убиен по интервенција на Тајната служба или дали неговата смрт е резултат на општото беззаконие и антиамериканската параноја во деловите на Украина под контрола на Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryh66i1s7p14t40xNVJYV

Поранешна членка на Pussy Riot: ФСБ ме уценуваше да шпионирам активисти и да намамам човек во Србија

Свет | пред 9 часа

media-library68u9pom0ct157uZAABd

(Видео) Масовен напад врз Москва: Соборени 249 дронови, погодена нафтена рафинерија

Свет | пред 9 часа

media-libraryi41t2othk7fv2aCZOar

Над 40 отсто излезност по вториот ден од изборите во Русија

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања