„Гоце е Македонец, татко на македонската држава“, пратеникот Јаулески на годишнината од раѓањето на револуционерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
jovan-jauleski

Големиот македонски револуционер Гоце Делчев е роден на денешен ден, 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Денеска се слави 150 години од неговото раѓање. По тој повод, објава на социјалните мрежи има и пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Гоце е Македонец! Неговата слава, дело и заложба им припаѓаат само на Македонија и Македонците! Нека му е вечна слава на таткото на македонската држава, нека вечно се слави неговиот спомен. #150годиниГоце“, напиша Јован Јаулески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Христијан Мицкоски денеска по повод 150 години од раѓањето на македонкиот револуционер објави видео во кое тој говори за неговото значење за нашата земја и историја.

— реклама —

„Гоце Делчев е Македонија, а Македонија е вечна! 150 години од раѓањето на големиот син. Слава му!“-вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања