Годинава двојно повеќе туристи од Хрватска - златна маска за министерот за туризам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kosta-maska

Во организација на Агенција за промоција и поддршка на туризмот и нашите пријатели од меѓународниот саем за туризам “Place2Go”, Република Северна Македонија е прва земја партнер на овогодинешната саeмска манифестација. Делегација на општина Охрид предводена од в.д. градоначалникот Константин Георгиески, го презентираше Охрид на меѓународниот саем „Place2Go“, во Загреб кој трае од 15 до 17 март. Покрај штандот на кој се презентираат туристичките и културно – историските знаменитости, Охрид беше претставен преку средби со туристичките претставници на повеќе земји и медиумски.

— реклама —

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески во рамки на саемот, оствари повеќе значајни средби со важни личности.

Загрепскиот саем за туризам, е релативно нов, но мошне популарен. Во изминатите три години саемот го посетиле повеќе од 40 000 посетители, а повеќе од 450 фирми ги имаат понудено своите производи.

— реклама —

Македонија во 2018 година е домаќин на повеќе од 24000 гости од Хрватска и постојан годишен пораст на бројот на туристи од Хрватска од 50 %. Истата статистика важи и за бројот на ноќавања. Одличнните ефекти од минатогодишните промотивни активности на АППТ на хрватскиот пазар и одличниот интерес за патување во нашата земја на хрватите не охрабрува и во 2019 година да очекуваме скок од 30-35% хрватски туристи .

Предвидуањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за оваа година се Република Северна Македонија да ја посетат 1,3 милиони туристи и што поблиску да се приближиме до 4 милиони ноќевања поминувајки ја бројката од 420 милиони долари девизен прилив од туризмот.

Овогодишен партнер на саемот беше македонската агенцијата за промоција и поддршка на туризмот претставувана од директорот Љупчо Јаневски.

Се зајакнува соработката на Охрид и Хрватска. В.Д Градоначалникот Константин Георгиески кој деновиве е во работна посета на Хрватска на инстаграм напиша:

„Кабинетот на министерот за туризам од утре ќе го краси Златната маска. Во мај господин Гари Капели ќе го посети Охрид, кога ќе ја конкретизираме соработката и промоцијата на Охрид во Хрватска од каде во 2018 год имавме раст на туристи од речиси 100 %“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања