Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, во „360 Степени“ образложи дека пораките што ги добиваат од европските престолнини се дека датумот е извесен во октомври и дека тоа би значело дека до крајот на оваа година може се очекува стартот на преговори за членство во ЕУ.
„Има некои земји членки кои не ја сфаќаат сензитивноста на тие месеци. Ние, имајќи лошо искуство од минатото каде тука на Балканот еден ден повеќе може да ја комплицира ситуацијата, а да не зборуваме една година или еден месец, особено овие три месеци до октомври, имајќи ги во предвид регионалните спорови – тоа што се случува во Грција со изборите, Брегзит е одреден токму во октомври, следната Комисија со работа стартува на први ноември, значи кога во октомври ќе се усвои одлуката тоа ќе биде последната седница на комесарите, последните денови на актуелните еврокомесари“, изјави Бујар Османи – вицепремиер за евроинтеграции.