Авто-мото сојузот на Македонија утринава информира дека поради одрон на левата коловозна лента на автопатот Скопје-Велес, пред тунелите кај Башино Село, сообраќајот се одвива само по десната коловозна лента.
-Испратена е служба од Полициската станица Велес за да го регулира сообраќајот. Во меѓувреме на истото место се случија две сообраќајни незгоди со матријална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ.