Промени тема
Контакт

ЦУК: Одрони и поплавени објекти во Битолско, екипите на терен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
dozd-1

Состојбата во државата по обилните дождови останува стабилна, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последните податоци од РЦУК 7/24. Водостоите на водотеците се движат во рамки на нормалата, со благо зголемување, но без сериозни ризици.

— реклама —

На повеќе локации се регистрирани одрони и локални поплави, а надлежните служби веднаш интервенирале. На патниот правец Битола – Прилеп, кај селото Лознани, има појава на одрон, а за случувањето се известени битолската полиција и јавното претпријатие задолжено за одржување на патиштата.

— реклама —

Голем камен се одронил и на патот Ресен – Охрид, кај селото Буково, а екипите на МВР и патното претпријатие се упатени на терен. Во Битолско се регистрирани и два поплавени објекти – фарма во селото Породин и визба во урбаниот дел на градот.

— реклама —

Одрон од околу 15 метри е пријавен и на патниот правец Близанско – Македонски Брод, каде што е известено надлежното јавно претпријатие.

Од ЦУК информираат дека сите служби се усогласени и активно работат на расчистување на теренот и следење на состојбата. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, уверува дека во моментов нема поголеми ризици за населението и инфраструктурата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 5 дена

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања