Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По повеќечасовна потрага пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна во Мариово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 49 минути -

Македонија
media-librarykcllr158e0d42v8Bf6i
Photo by Steve Johnston on Unsplash

По повеќечасовна потрага, утрово е пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна при планинарење во Мариово, во близина на прилепското село Лениште. Мажот бил лоциран во селото Кален, а во акцијата учествувале повеќе полициски и спасувачки екипи.

— реклама —

Од Центарот за управување со кризи информираат дека планинарот бил пронајден денеска, 16 ноември, во 10:15 часот.

Потрагата започнала вчера попладне, откако мажот паднал и ја изгубил свеста, по што во 16:47 часот се јавил на бројот за итни случаи 112. Тој соопштил дека се наоѓа меѓу селото Лениште и манастирот над него.

— реклама —

Полициските служби веднаш биле известени и започнале потрага. Во дополнителен телефонски разговор во 17:10 часот, планинарот информирал дека се движи кон Лениште, но дека батеријата на мобилниот телефон му е при крај.

— реклама —

До 18:30 часот тој сè уште не бил пронајден, а телефонот му бил исклучен. Потрагата била проширена со дополнителни полициски службеници и екипа на Територијалната противпожарна единица од Прилеп. Била проверена и неговата домашна адреса, при што било утврдено дека не се вратил дома.

Во акцијата учествувале полицијата, ТППЕ Прилеп, Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување – Прилеп, под координација на ЦУК.

— реклама —

По пронаоѓањето во селото Кален, екипа на граничната полиција се упатила на терен за безбедно да го преземе и да го транспортира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 месец

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања