Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати апел до граѓаните во Македонија одговорно да го користат бројот 112 и да го повикуваат само во ситуации кога постои непосредна опасност и е потребна итна интервенција на надлежните служби.

— реклама —

Од ЦУК посочуваат дека во изминатиот период се регистрирани голем број повици кои не се од итен карактер, туку се однесуваат на секојдневни проблеми, меѓучовечки недоразбирања, барање информации и административни прашања.

Оттаму предупредуваат дека ваквите повици го оптоваруваат капацитетот на операторите и телефонските линии, со што може да се отежне навременото реагирање во ситуации кога се загрозени животот или здравјето на граѓаните.

— реклама —

На бројот 112 треба да се пријавуваат случаи во кои постои непосредна опасност по животот, здравјето, безбедноста, имотот или животната средина, а е потребна интервенција на полицијата, Итната медицинска помош, противпожарните служби или други надлежни институции.

— реклама —

Од ЦУК ги повикуваат граѓаните за проблеми што не бараат итна реакција да се обраќаат директно до надлежните институции преку нивните редовни контакт-канали.

Апел е упатен и до институциите, јавните претпријатија, компаниите и општините да не го наведуваат бројот 112 како општ контакт за информации, административни пријави или пријавување материјална штета.

Од Центарот нагласуваат дека 112 не е информативна линија, туку единствен европски број за итни случаи, кој треба да остане достапен за граѓаните на кои секоја секунда им е важна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања