Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Голем пожар кај Атина: Евакуирани населби и индустриска зона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-librarypgsf7ssldla66EtLIU5

Голем шумски пожар денеска предизвика евакуација на индустриската зона во грчкиот град Мегара, кој се наоѓа на околу 45 километри западно од Атина.

— реклама —

Грчката цивилна заштита преку социјалните мрежи ги повика сите вработени да ја напуштат областа и да се упатат кон градот. Претходно беа евакуирани и три помали населени места.

— реклама —

Пожарите на поширокото подрачје западно од Атина и натаму не се ставени под контрола. Пожарникарите се борат со два главни огнени фронта – во близина на планинското село Агиос Нектариос и северозападно од Мегара, и покрај тоа што ветерот ослабна.

Грчките власти предупредуваат дека гаснењето и понатаму е исклучително опасно, а ризикот од нови шумски пожари останува многу висок.

— реклама —

Во неделата, за време на гаснењето на пожарите, загинаа пилот и копилот откако се судрија два противпожарни хеликоптери во близина на Атина. Минатата недела во пожарите на Крит и Пелопонез загинаа уште тројца пожарникари.

— реклама —

Според грчките медиуми, во околината на Атина се уништени стотици куќи, а огнот зафатил околу 10.000 хектари земјиште. Властите најавија дека наскоро ќе започне проценката на штетите за да им биде исплатена финансиска помош на погодените жители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања