Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Голем пожар во Атина: Повеќе од 16 часа гори фабрика за пластика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-librarym294j99o9llg2LG9cH3
unsplash

Голем пожар што избувна во фабрика за пластика во областа Вотаникос во Атина продолжува да гори повеќе од 16 часа, а грчките пожарникари и натаму се борат да го стават огнот под контрола.

— реклама —

Според грчката државна телевизија ЕРТ, пожарот сè уште не е изгаснат поради големата количина запалив материјал складиран во фабричкиот комплекс. Дополнителни проблеми за пожарникарите предизвикало и уривањето на дел од покривот на објектот поради високите температури, што го зголемило ризикот за екипите на терен.

Во пожарот нема повредени лица.

— реклама —

Утринава дошло до повторно разгорување на огнот во едно од складиштата, по што биле ангажирани дополнителни противпожарни сили за да се спречи неговото ширење.

— реклама —

Поради согорувањето на пластични материјали, воздухот во поширокото подрачје е сериозно загаден. Властите ги повикаа граѓаните, особено постарите лица и оние со респираторни заболувања, да го ограничат движењето на отворено и да ги држат прозорците затворени.

Поради интервенцијата на пожарникарите и повторното разгорување на огнот, сообраќајната полиција привремено го запре сообраќајот на дел од улицата „Орфеос“ во областа Егалео.

— реклама —

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а истрагата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања