Голем протест: „Белград не го памети ова!“; Снимени маскирани лица облечени во црно, има уапсени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
belgrad

Од вчера попладнето до по полноќ, илјадници белграѓани ги пречекаа студентите кои пристигнуваа од целата земја, пешачејќи, трчаа на штафетен маратон, доаѓаа и со велосипеди, кон главниот град, каде денеска ќе учествуваат на големиот протестен митинг.

— реклама —

„Белград не го памети ова до сега, но отсега ќе се сеќава на оваа младина која ја сврте Србија и, се надевам, ќе ја смени“, вели една постара белграѓанка, бришејќи ги солзите

— реклама —

Поворки студенти пристигнаа од западна Србија, Ниш, Нови Сад, Панчево, Вршац, Суботица, Шабац, Лозница, Уќице, Чачак, Крагуевац... во Теразије беа пречекани со црвен тепих и огномет, а беа наградени со медали за истрајност и посветеност.

— реклама —

Првите поворки почнаа да пристигнуваат во петокот околу 19 часот и 30 минути, а граѓаните ги пречекаа во редица од плоштадот Славија по централната улица Крал Милан, Теразије и плоштадот Репшублика.

„И тие дојдоа од Ниш“ беше текстот на транспарентот зад кој поворка студенти од Ниш се упати кон центарот на Белград кај фонтаната Теразие, придружувајќи им се на своите колеги од Панчево и Вршац попат. Тие беа пречекани со огномет и факели, а граѓаните ги вклучија батериските светилки на мобилните телефони.

Српското МВР (МВП) ноќта меѓу петокот кон саботата соопшти дека имало неколку инциденти за време на нерегистриран студентски собир во Белград, главно насочени кон учесници на друг студентски митинг во Паркот Пионирски, и дека се приведени две лица.

Две лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир, а оштетени се поголем број трактори во паркот Пионер - дупнати гуми, искинати врати, искршени кабини и стакла, еден трактор превртен, а друг истуркан на улица, се вели во соопштението од МВР.

Нова.рс јавува дека утрово во центарот на Белград има голем број полицајци пред трактори кои го оградуваат паркот Пионер. Граѓаните од утрово пристигнуваат од правец на Нов Белград кон центарот на градот, движејќи се во помали групи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања