Промени тема
Контакт

Голем ракетен напад врз Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
ukraina-oruzje

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала.

„На денот на сеќавањето и победата над нацизмот во Втората светска војна, нацистичкиот Путин изврши масовен ракетен напад врз Украина. Повеќе од 50 проектили и повеќе од 20 беспилотни летала Шахед беа истрелани врз инфраструктурата во Лавов, Виница, Киев, Полтава, Кировохрад, Запорожје и Ивано-Франковск“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на X.

„Сите служби за итни случаи излегоа на терен и веќе работат на ублажување на последиците од рускиот терор. Целиот свет мора да разбере кој е кој. Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“, најави Зеленски.

Руските воздушни напади утринава првенствено беа насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја, соопштија украинските воени и енергетски претставници. „Уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија! Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко објави на својот канал Телеграм.

Целите беа објекти за производство и пренос на електрична енергија во регионите Полтава, Кировоград, Запорожје, Лавов, Ивано-Франковск и Виница, додаде тој. Освен регионот Запорожје, сите останати се далеку од линијата на фронтот, која минува низ источниот и југоисточниот дел на Украина.

— реклама —

Рускиот воздушен напад предизвика сериозни оштетувања на опремата во три термоцентрали, соопшти утринава најголемата украинска приватна електроенергетска компанија ДТЕК. „Опремата е сериозно оштетена“, соопшти DTEK на апликацијата за пораки Телеграм.

Во централниот регион Полтава, објект на енергетска инфраструктура беше погоден од напад со дрон, кој предизвика пожар, напиша на Телеграм регионалниот гувернер на Полтава, Филип Пронин. Според првичните информации нема повредени.

— реклама —

Гувернерите на регионите на Виница и Запорожје наведуваат дека се оштетени критични објекти од цивилната инфраструктура, не наведувајќи дополнителни детали.

Сите проектили насочени кон Киев се уништени, објави на Телеграм Серхиј Попко, шеф на градската воена управа. Тој додаде дека во нападот нема поголема штета или повредени.

Очевидци на Ројтерс во Киев објавија дека слушнале експлозии, кои звучеле како системи за противвоздушна одбрана насочени кон воздушни цели.

— реклама —

Системите за противвоздушна одбрана беа ангажирани и во одбивањето на рускиот напад над регионот Лавов, кој се граничи со Полска, членка на НАТО, каде што одекнаа неколку експлозии, соопштија регионалните власти.

Русија, која започна сеопфатна инвазија на Украина во февруари 2022 година, започна серија напади врз украинските електроенергетски постројки во последниве месеци. Москва негира дека цели на цивили, но вели дека енергетскиот систем на Украина е легитимна воена цел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryh66i1s7p14t40xNVJYV

Поранешна членка на Pussy Riot: ФСБ ме уценуваше да шпионирам активисти и да намамам човек во Србија

Свет | пред 9 часа

media-library68u9pom0ct157uZAABd

(Видео) Масовен напад врз Москва: Соборени 249 дронови, погодена нафтена рафинерија

Свет | пред 9 часа

media-libraryi41t2othk7fv2aCZOar

Над 40 отсто излезност по вториот ден од изборите во Русија

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања