Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Голем шумски пожар беснее на Евбеја, наредени евакуации на населението

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-libraryu02imf7o7mgb5zeW6zq
фото: unsplash

Повеќе населени места на грчкиот остров Евбеја се соочуваат со опасност од голем шумски пожар, поради што властите наредија превентивна евакуација на жителите, додека силниот ветер дополнително го отежнува справувањето со огнената стихија.

— реклама —

Пожарот избувнал во близина на селата Месохорија и Раптеи во попладневните часови, а грчката противпожарна служба веднаш упатила апел до населението да го напушти подрачјето поради опасноста огнот да се прошири кон станбените области.

— реклама —

Според медиумските извештаи, во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 120 пожарникари со 35 противпожарни возила, како и седум хеликоптери и осум авиони. Локалниот медиум „Евима“ објави дека огнената линија опасно се приближува до домовите.

— реклама —

Силните ветрови во регионот значително ги отежнуваат напорите за локализирање на пожарот, а метеоролозите предупредуваат дека ваквите временски услови ќе продолжат и во текот на неделата.

— реклама —

Ова е првиот голем шумски пожар во Грција оваа година. Земјата и натаму ги памети катастрофалните пожари од 2021 година, кога на Евбеја беа уништени илјадници хектари шума во една од најтешките природни катастрофи во поновата историја на Грција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 9 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања