Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Голема полициска акција во БиХ: На удар е поранешен командант од Сребреница, осомничен дека криел бегалец по обид за убиство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Балкан
media-library3hi0rvmnlhjkf6qa7Oq

Припадници на СИПА и на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, со поддршка на други полициски агенции, од утрово спроведуваат координирана акција на повеќе локации низ Босна и Херцеговина. Акцијата е насочена кон лица осомничени дека му помагале на избеганиот Ѓорѓе Ждрала да се крие од органите на прогонот, објави порталот „Истрага.ба“.

— реклама —

Меѓу лицата опфатени со истрагата е и Насер Ориќ, поранешен командант од Сребреница. Според информациите на порталот, тој имал клучна улога во извлекувањето и криењето на Ждрала, откако на 2 август годинава се обидел да го убие Коста Пандуревиќ во Источно Сараево.

— реклама —

Со акцијата е опфатена и Николина Шљивиќ, поранешна пратеничка во Народното собрание на Република Српска, која претходно била членка на Демократскиот народен сојуз и на Обединета Српска. Таа сега е вработена во Институтот за јавно здравје на Република Српска, а полицијата врши претреси и на објекти што ги користи.

Во Вогошќа, припадници на СИПА ја претресуваат куќата на Месуд Мустафиќ, жител на Сребреница. Според „Истрага.ба“, тој, по инструкции на Ориќ, помогнал Ждрала да биде префрлен од Сараево до Караула, на патот меѓу Сараево и Тузла, каде што се наоѓа ранчот на кој живее Ориќ.

— реклама —

Меѓу опфатените лица е и адвокатот Синиша Дерганц од Источно Сараево, кој, според наводите на порталот, исто така се обидувал да му помогне на Ждрала да прикрие кривични дела.

— реклама —

Акцијата се спроведува по наредба на Окружното обвинителство во Источно Сараево, а опфатени се повеќе од седум лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryfc0ugp6lovb02OCkvj3

Поплави и свлечишта во Босна и Херцеговина по обилните врнежи, реките го надминаа критичното ниво

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryfht8jtd6b5nhcNGYFnv

Маскиран разбојник нападнал свештеник во Брчко и го избодел седум пати

Балкан | пред 4 дена

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Тепачка поради девојка завршила со убиство во Сараево, загинал 32-годишен маж

Балкан | пред 1 седмица

media-librarycijvv03e38oe3HvZfXJ

Поради ретроградниот Меркур министерката за образование во БиХ ги намалува активностите

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања