Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Големи проекти планира Шилегов: Од бесплатен превоз и медицински транспорт, до оброци за ученици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
shilegov-7

Со гордост ја започнувам оваа кампања, со пакет на социјални поволности за возрасните и пензионерите, лицата со попреченост, лицата со ретки болести, младите и идните родители. Продолжуваме со остварување на активности за поквалитетен живот во нашето Скопје, за подобро секојдневие на нашите сограѓани, за поудобни и побезгрижни денови во нашиот град, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

— реклама —

✔️ Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата.

✔️ Овозможуваме бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот.

— реклама —

✔️ Лицата со ретки болести кои живеат во Скопје ќе можат исто така бесплатно да го користат јавниот градски превоз. Трошоците за хроничната терапија која ја примаат ги олеснуваме преку финансиско ослободување за јавниот превоз, за нив и нивната придружба при користење на превозот.

✔️ На сите постдипломци и докторанди кои студираат во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси.

✔️ Учениците од државните основни училишта во градот ќе добиваат до 50% поевтин оброк за време на престојот во училиште.

✔️ Ќе доделуваме 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети, а за секој средношколец од државните училишта, обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој.

✔️ Го субвенционираме згрижувањето на децата во државните градинки преку покривање на максимум 50% од месечниот трошок.

✔️ За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на Биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Го дополнуваме семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид кој не е покриен од Фондот.

Скопје е град на солидарноста и како таков мора да се грижи за сите, а парите на граѓаните да ги враќа онаму каде се најпотребни. Преку овој пакет мерки градот вложува во квалитетот на живот. Градот е еднаков за сите граѓани, транспарентен и солидарен град, град на успешен соживот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања