Големиот циклон кој ја зафати Европа, сега доаѓа и во Македонија: За среќа, нема место за паника, нема да има поплави кај нас

објавено пред 1 година -

Македонија
nevreme

Големиот циклонски систем кој ја зафати Централна и Источна Европа и направи многу проблеми во тој дел, а поради големите поплави однесе и многу човечки животи, истиот сега се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, односно над југоисточна Европа, условуваќи многу нестабилно време со чести врнежи, но за среќа големи поплави и проблеми со врнежите кај нас во Македонија не се очекуваат.

— реклама —

Сепак, и покрај ова, утре (четврток) како и во петок во попладневните часови овој циклонски систем во нашата Македонија ќе условува повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално пак ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. И во Скопскиот регион утре (четврток), како и во петок во попладневните часови ќе има појава на повремен локален дожд, додека во делови од регионот можни се поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со засилување на ветерот.

Не се исклучува можноста, локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Но како што кажав, штети и некои големи поплави кај нас за среќа не се очекуваат. Секако мора да напоменам, доколку падне поголемо количество на воден талог за кратко време, поради тоа што очекуваме локален развој на грмотевични конвективни облаци, можно е да дојде и до локални поројни поплавувања, но тоа би било многу далеку од она што се случи во Централна и во Источна Европа, што значи место за паника од големи поплави во Македонија нема.

— реклама —

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени., Во Скопје утре (четврток) како и во петок температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања