Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Македонија
media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара оставка од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, обвинувајќи ја дека не ја кажува вистината за случајот со Алта банка. Тој побара Јавното обвинителство да отвори истрага и за премиерот Христијан Мицкоски и за министерката, а во проверката да се вклучи и Европското обвинителство.

— реклама —

Филипче тврди дека Владата била запознаена со понудата на „Алта банка“ АД Белград за преземање акции од 16 јавни институции, посочувајќи дека на седницата одржана на 23 септември 2025 година биле донесени заклучоци на предлог на Димитриеска-Кочоска.

Како доказ, тој посочи на записникот од владината седница, во кој, според неговите наводи, институциите биле задолжени да достават писмена изјава за прифаќање или одбивање на понудата на „Алта банка“.

— реклама —

Филипче постави прашање дали тоа значи дека претставници на Владата биле во директна комуникација со сопственикот на банката, Давор Мацура, и дали со таквите постапки му било овозможено да стекне поголем пакет акции на сметка на државата.

— реклама —

Тој побара да се испита текот на сите пари поврзани со случајот и најави дека за одговорност треба да се утврдат сите околности. Наводите и обвинувањата ги изнесе Филипче, а за нивната основаност треба да се произнесат надлежните институции.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 3 дена

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања