Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Бараме кривична и политичка одговорност за Алта банка, предупредувавме дека е пералница на пари на Вучиќ“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 38 минути -

Македонија
media-libraryv28cv8n5jutgc2CSEW7

СДСМ бара кривична и политичка одговорност за случајот со Алта банка, а претседателот на партијата Венко Филипче го повика Обвинителството сериозно да постапи по поднесените кривични пријави. Тој соопшти дека партијата поднела и интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

— реклама —

Филипче потсети дека СДСМ подолго време предупредувал за работењето на Алта банка и побара одговори за начинот на кој таа добила дозвола да влезе на македонскиот финансиски пазар, како бил проверен кредибилитетот на нејзиниот сопственик Давор Мацура и дали било испитано потеклото на парите.

Тој повторно изнесе обвинувања дека банката е поврзана со перење пари и криминални активности во Србија, повикувајќи се на сомнежите што се истражуваат во таа земја.

— реклама —

Лидерот на СДСМ побара да се разјасни и улогата на премиерот Христијан Мицкоски, откако, според него, Славески потврдил дека се консултирал со премиерот пред влезот на банката на македонскиот пазар.

— реклама —

Филипче предупреди и на последиците за граѓаните, компаниите и државните институции, тврдејќи дека дел од нив не можат да пристапат до своите средства.

СДСМ бара Собранието да ја разгледа политичката одговорност на гувернерот, а Обвинителството да ги испита наводите и да утврди дали има кривична одговорност во случајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylais8559fs0g5XycM9P

(Видео) Филипче: СДСМ поднесува интерпелација за Трајко Славески за Алта банка, бараме одговорност

Македонија | пред 45 минути

— реклама —
media-library2e340jrubnls1lHXZ4A

(Фото) Рама и Филипче на средба во Битола без македонско знаме

Македонија | пред 4 часа

media-library9jcie1a6pikd3eZSCD9

(Видео) Филипче: Фон дер Лајен кажа дека нè чекаат во ЕУ со нашиот јазик и идентитет, паѓа во вода приказната за предавство

Македонија | пред 1 ден

media-library6vd14bsc07gbeKfgW3k

Филипче: Мицкоски ветуваше дека струјата нема да поскапи, сега се најавува поскапување кое ќе ги крене и цените

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања