Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче: Фон дер Лајен кажа дека нè чекаат во ЕУ со нашиот јазик и идентитет, паѓа во вода приказната за предавство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 32 минути -

Македонија
media-library9jcie1a6pikd3eZSCD9

Изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Македонија е добредојдена во Европската Унија со својот јазик и идентитет, според лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги побива обвинувањата за наводно предавство што со години ги упатува ВМРО-ДПМНЕ кон неговата партија.

— реклама —

Говорејќи на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, Филипче оцени дека европската порака ги демантира тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека политиките на претходната влада биле предавнички. Тој побара и од евроамбасадорот Михалис Рокас да помогне во надминувањето на, како што рече, силната пропаганда против европскиот пат на државата.

— реклама —

Филипче го обвини Мицкоски за двојни стандарди, посочувајќи дека пред домашната јавност го оспорувал Преспанскиот договор и најавувал враќање на старото име, додека на меѓународните средби ги прифаќа реалностите произлезени од договорот.

Според лидерот на СДСМ, со ширењето на наративот дека европските интеграции значат отстапки и загрозување на националниот идентитет, се создава страв кај политичарите отворено да зборуваат за членство во ЕУ.

— реклама —

„Синоним за Европа стана предавство благодарение на оваа пропаганда“, рече Филипче, предупредувајќи дека таквата реторика ја оддалечува државата од европската перспектива.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library6vd14bsc07gbeKfgW3k

Филипче: Мицкоски ветуваше дека струјата нема да поскапи, сега се најавува поскапување кое ќе ги крене и цените

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryjr9at3bo160n5TIe80u

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

„Згрозен сум од обидот да се заташка само поради врските со ВМРО“: Филипче побара одговорност за насилството во Охрид

Македонија | пред 6 дена

media-library4vga89r95vis6Q7ERoC

Филипче: Зад владините бајки се кријат задолжувања и осиромашување на граѓаните

Слајдер | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања