„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Горела караулата на АРМ во Гевгелија, а изгоре полициско возило од пожарот кој е локализиран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
229672115_1260833884387480_3847551769514444741_n-1

По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола. Поради отежнатите временски услови, односно тивкиот ветар, пожарот е се уште активен, но е локализиран.

— реклама —

Од ТППЕ- Гевгелија информираат дека пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило. Во локализирањето на пожарот покрај, ТППЕ- Гевгелија, учествуваше и ЈПДК „Комуналец“- Гевгелија со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“. Додека, на грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, кој постојано ја следеше и координираше работата за локализирањето на пожарот на самиот терен, во изјавите за медиумите ја изрази својата благодарност за херојството и интервенцијата на гевгелиските пожарникари, вработените од ЈПКД „Комуналец“, а и кон вработените од хотел „Фламинго“ и граничната полиција кои активно се вклучија во борбата со пламенот, придонесувајќи да се избегне катастрофа од поголем размер, односно пожарот да ги зафати: хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“, граничниот премин и двете бензински пумпи „Шимов“ и „Окта“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања