Гори трева зад скопското училиште „Димитар Влахов“, информираат од Противпожарната служба – Скопје. Засега не е познато колкава е опасноста пожарот да се прошири. Зафатена е поголема површина.
Оттаму соопштија дека се испратени екипи на терен кои работат на гаснење на огнот.