Гори заштитената трска во Охрид, виновници нема ниту некој реагира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
trska-3

Граѓанското здружение Охрид СОС објави дека вчера попладне во близина автокампот „Андон Дуков“ и Св. Еразмо горела трска и ниска вегетација, при што, како што потрдил и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, интервенирала противпожарната служба од Охрид.

— реклама —

-Дали започнува „традиционалното“ палење на овој потег? Оваа активност е законски забранета, но и покрај тоа одредени поединци и понатаму продолжуваат со оваа пракса. Веројатно не се свесни дека со палењето тие ја загадуваат животната средина и ја намалуваат плодноста на почвата. Или толку им е гајле.

Од Охрид СОС укажуваат дека со палењето на стрништата (како што ги класифицира државниот инспектор за животна средина) се уништуваат големи количини органска материја и скоро целокупната количина на азот во почвата. Исто така, палењето го забрзува намалувањето на содржината на хумус во почвата, ги уништува некои од потребните микроорганизми.

— реклама —

-Сепак, се чини како да е најлесен начин за некого да исчисти одреден простор кој потоа се користи како земјоделско земјиште, или за други цели, велат од Охрид СОС. 

Казната за палење стрништа, плевели и други растителни отпадоци, потсетуваат оттаму, се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.

– Засега, нити некој е казнет, нити има желба за превенција и укажување на негативните последици од овие активности. Се пали, противпожарната служба ќе изгаси, ќе се смират страстите и ќе се заборави, до следниот пат. Инспекторите, ако излезат, само ќе продефилираат и толку, велат од Охрид СОС.

Претходно случаи на опожарување на трската беа забележани на западното крајбрежје, помеѓу градот Струга и Калишта.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, вчера, одговарајќи на новинарско прашање за ов ие случаи, рече дека ќе се предложи преземање на ингеренциите за сите општини, а не само за Охрид и Струга.

– Предлогот до Собранието може да го поднесе Министерството за транспорт и врски преку Владата или пратениците. Тоа се прави заради подобро менаџирање со  плажите. Проценка на сите е дека тоа треба да го прави државата, а не општините, рече Сугарески и додаде дека надлежностите за градежното земјите си остануваат кај општините.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања