Промени тема
Контакт

Гостиварец обвинет за пренесување заразна болест – бруцелоза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244466876_1265174603930666_8619855635729761302_n

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против еден гостиварец за кривично дело – Пренесување заразна болест од член 205 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетиот не постапил според прописите и издадено решение на надлежниот орган за спречување на заразните болести кај животните кои можат да се пренесат на луѓето. При извршена контрола во неговото одгледувалиште во гостиварското село Рибница, овластени службени лица од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје потврдиле присуство на бруцелоза кај овци и кози.

— реклама —
— реклама —

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби. ​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања