Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Готвење, Мајнкрафт и ќебап: Халанд откри како изгледа неговата совршена романтична вечер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 47 минути -

Магазин
media-libraryngvmu8j35jgm7pxgCPI
screenshot instagram

Ерлинг Халанд, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, откри како изгледа неговата совршена романтична вечер со девојката Изабел Хаугсенг Јохансен. Наместо луксузни ресторани и егзотични патувања, норвешкиот напаѓач признава дека најмногу ужива во едноставните моменти.

„Јас ја подготвувам вечерата. Веројатно ќе ѝ биде малку непријатно што го кажувам ова, но таа сака да игра видеоигри. Заедно играме Мајнкрафт. Седиме, играме и градиме куќи. Или се враќаме во Брине и нарачуваме ќебап“, изјави Халанд.

— реклама —

Двајцата се во врска од 2021 година, но се познаваат уште од детството. Израснале во норвешкиот град Брине и како тинејџери биле дел од локалниот фудбалски клуб Брине ФК.

— реклама —

Иако долго време биле пријатели, нивната љубовна врска започнала дури откако Халанд се преселил во Германија за да игра за Борусија Дортмунд.

„Таа прва ми испрати порака. Игравме во истиот клуб. Таа прва ме забележа мене, а не јас неа“, откри фудбалерот.

— реклама —

Во декември 2024 година парот го доби своето прво дете, но приватниот живот го чува далеку од очите на јавноста. Сѐ уште не го откриле името на синот ниту објавиле негови фотографии.

— реклама —

Изабел, покрај тоа што е партнерка на Халанд, гради и успешна кариера како модел и инфлуенсерка, но нагласува дека сака јасно да ја одвои приватноста од јавниот живот.

„Сакам да го заштитам моето семејство, но истовремено сакам луѓето подобро да ме запознаат. Најголемиот предизвик е да се постави граница меѓу она што е приватно и она што може да се сподели со јавноста“, изјави таа за норвешкото списание „КК“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања