Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставничасови“.

— реклама —

Оваа публикација е заеднички труд и заложба на Градот Скопје, претставници од Комисијата за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието при Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука. На промоцијата, градоначалничката Арсовска порача дека со реализација на овие активности, Градот Скопје се етаблираше како лидер во унапредувањето на меѓуетничката интеграција меѓу учениците.

— реклама —
— реклама —

- Градот Скопје ја усвои „Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на Град Скопје“. Една од најзначајните активности која Градот Скопје ја презеде во рамки на имплементирање на Стратегијата е организација и реализација на заеднички часови по одредени наставни предмети, во рамки на редовната настава, на ученици кои наставата ја следат на различни јазици. Започнавме со неколку училишта, за сега бројот на училишта кои ги спроведуваат овие заеднички часови да стигне до осум и верувам дека оваа пракса ќе продолжи бидејќи резултатите се позитивни. Со реализација на овие активности Градот Скопје се етаблираше како лидер во унапредувањето на меѓуетничката интеграција меѓу учениците во рамките на нивниот реален, секојдневен престој во училницата, додека тече редовната настава и се изучуваат задолжителните предмети – кажа градоначалничката Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања