Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Град Скопје: Намалени расходи и нови проекти со ребалансот на буџетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
ke_se_vrab_vo_grad_sko

На следната седница на Советот на Град Скопје ќе биде разгледуван Предлог за изменување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидена рационализација на трошењето на буџетските средства. Буџетот на Градот за 2018 година ќе биде намален вкупно за 346 милиони денари. Наместо предвидените 4,23 милијарди Град Скопје во текот на 2018 година со овој ребаланс планира да потроши вкупно 3,88 милијарди денари.

— реклама —

Овој ребаланс е подготвен во согласност со усвоениот втор квартален извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година. Во првото полугодие остварувањето на приходите се одвива согласно со планираното, а плаќањата на расходите се одвиваат редовно и навремено. Вкупните приходи за овој период од годината се остварени во износ од 2,2 милијарди денари што претставува 36% во однос на планот за 2018 година.

— реклама —

Во ребалансот кој ќе се гласа на 27 септември, најголемите промени во вкупните предвидени средства се однесуваат на Секторот за планирање и уредување на градежно земјиште каде е предвидено намалување на средствата за 226,82 милиони денари, како и Секторот за сообраќај каде што е предвидено намалување за 32 милиони денари.

— реклама —

Намалувањето на средствата во Секторот за планирање и уредување на градежно земјиште се должи на постигнатите поевтини цени во текот на тендерските постапки на проектите кои се изведуваат оваа година во однос на проектите во изминатите години. На пример, за булеварот Христијан Тодоровски Карпош, чија тендерска постапка за првата фаза е завршена во 2016 година, постигнал значително повисока цена по километар во однос на втората фаза, чија тендерска постапка заврши годинава. Втората фаза за истиот булевар во текот на тендерската постапка постигнува цена по километар која е 21,85 % поевтина во однос на цената на првата фаза.

Промени во буџетот има и во секторите за: информатичка технологија и модернизација (намалување од 32,1 милиони денари) и општи работи (намалување од 23,05 милиони денари). Незначителни промени има и во секторите за: животна средина, локален економски развој, образование, комунални работи, правни работи, јавни дејности, како и инспекторат.

Во делот на комуналните работи предвидени се 5 милиони денари за набавка на контејнери за одлагање отпад, 5 милиони денари за набавка на комунални возила за собирање отпад и 3 милиони денари за опрема на стационарот Вардариште. Во делот на планирање и уредување на градежното земјиште предвидени се дополнителни 3,18 милиони денари за проекти за надворешни содржини за спорт, спортски објекти и култура, како и дополнителни 1,5 милиони денари за вело паркинзи и мини спортски игралишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања