Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Град Скопје одби, но Владата одвои средства за парно на скопјани, вели Битиќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
51527416614_4f8708b3db_c

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ истакна во време на енергетска криза за надминување на последиците потребно е вклучување и на единиците на локалната самоуправа, но тоа досега не се случило.

— реклама —

„Ние имавме неколку разговори кои ги водеше Министерството за економија и на крај рековме градот Скопје нека одвои 500.000 евра од својот буџет за да осигура топлинска енергија за 45.000 домаќинства, Градот Скопје рече не сме ние надлежни. Осигурувањето на јавната услуга топлинска енергија е дел од законот за комунални услуги и дел од надлежностите на единиците на локална самоуправа и како таква таа подлежи под надлежностите и одговорностите на едниците на локалната самоуправа“ порача Битиќи.

Потпретседателот Битиќи посочи дека мнозинството од градоначалниците и покрај тоа што знаеле дека следува енергетска криза, сепак во буџетите за оваа година не алоцирале пари за справување со последиците.

— реклама —

„Сите градоначалници своите мандати ги добија пред формирање на буџетите за 2022 година, за жал мора да кажам дека скоро ниту еден градоначалник не направи ниту еден денар алокација на дополнителни финансиски средства за справување со енергетската криза. Одредени општини имаат и раскинат договор со добавувач на електрична енергија, поради што тие струја добиваат од краен добавувач за која плаќаат 50% повисока сума од берзанската цена, иако веднаш може да објават нов тендер и да побараат нови цени и да добијат барем берзанска цена и маржа од околу 10 отсто.“ порача Битиќи.

Битиќи додаде дека градинките на локално ниво кои што се под ингеренции на единиците на локална самоуправа плаќаат субвенционирана цена од страна на државата, затоа што тие се во категоријата на мали корисници во која што е гарантирана снадбувањето на електрична енергија од ЕВН Хоме и таа цена е веќе е субвенционирана, односно ако цената на први јануари требаше да поскапи за 80% таа поскапе за 9,8% тоа значи дека разликата во поскапувањето на цена ја плаќа Владата, ја плаќа државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања