Град Скопје продолжува со помош за скопските угостители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
SILEGOV-1

Град Скопје продолжува со конкретните мерки за помош на скопските угостители во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот.

— реклама —

За таа цел и оваа година Град Скопје продолжува со намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон), согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година.

— реклама —

Значајно е да се нагласи дека Советот на Град Скопје минатата година веднаш по почетокот на пандемијата усвои низа мерки за помош на домашната економија, а граѓаните кои работат во стопанството да ги задржат своите работни места и полесно да ги пребродат економските последици од справувањето со глобалната пандемија.

— реклама —

- Град Скопје е најголем чинител во македонската економија. Тука се остварува најголемиот дел од нашиот БДП, тука е најголемиот број на работни места, тука се остваруваат најголемиот дел од инвестициите во земјава. Работите не смеат да запрат и Град Скопје ќе продолжи посветено да работи на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции – истакна Шилегов на минатогодишната седница на Советот на Град Скопје кога беше усвоен пакетот економски мерки.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања