Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Град Скопје: СДСМ ги злоупотребуваа парите на скопјани четири години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela862

СДСМ ги злоупотребуваа парите на скопјани четири години. СДСМ во изминатите години без план, без проекти, брз реализација го презадолжија градот и јавните претпријатија ги оставија како загубари, велат од Град Скопје.

— реклама —

„СДСМ не можат да се помират со фактот дека граѓаните го казнија нивното недомаќинско, расипничко владеење и повеќе нема да можат да трошат народни пари за луксузирање по кафани.

За нешто повеќе од два месеца градоначалничката Арсовска и Град Скопје исчистија над 120 депонии во Скопје, градот воспостави интензивна комуникација со граѓаните, се отпочнува со реконструкција на 10 булевари во Скопје, се стави во функција жичницата до врв на Водно, секој денар домаќински се наменува за ефикасни услуги за граѓаните.

— реклама —

32 илјади евра наменети од Шилегов и СДСМ за јадење и пиење по кафани, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги пренамени за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории.

Во изминатите месеци се документираат корупциски скандали и злоупотреби на претходното раководство на Град Скопје предводено од Шилегов и директорите кои тој ги поставил, за кои СДСМ се обидува да им го покрие срамот со напади, навреди и манипулации“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања