„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Град Скопје со нов проект за справување со Урбаните топлотни острови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Со цел намалување на ефектот на „Урбаните топлотни острови“, Град Скопје восоработка со УНДП почнува со реализација на проект за изготвување и поставување заштитни стреи на 9 утврдени пешачки острови низ Скопје.

— реклама —

Поставувањето на заштитните стреи на пешачките острови ќе обезбедат заштитни сенки од топлина за пешаците и велосипедистите. Голем дел од пешачките острови на подрачјето на Скопје, со направени претходни студии се мапирани како места кај кои има зголемен ефект на урбани топлотни острови. Градот Скопје изминатиов период изврши мерења со користење термална камера во три дневни интервали на повеќе локации, а според резултатите утврдени се најтоплите девет точки кај кои ефектот на урбаните топлотни острови е најголем. Највисоките температури согласно мерењата на овие 9 локации се движат меѓу 50 и 55 степени целзиусови, а највисоката температура од 60,3 степени е измерена на крстосницата кај објектот на Делегацијата на ЕУ во Центар.

Со цел обезбедување заштита од топлина за пешаците и велосипедистите и намалување на температурите на овие пешачки острови, Град Скопје во наредниот период ќе го реализира проектот за поставување заштитни стреи.

— реклама —

За изработката на проектната документација, во Буџетот на Град Скопје за оваа година се превидени 10.000 евра, а за реализацијата на проектот се предвидени дополнителни 30.000 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања