Град Скопје реагира на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ околу состојбите и условите во новиот стационар „Лајка“. Воо реакцијата се вели:
Град Скопје со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици.
Новиот стационар за кучиња на ЈП „Лајка“ е нов и модерен стационар, согласно со сите европски стандарди за ваков вид на објекти.
Сакаме да потенцираме дека изминатиов период беа извршени серија на зафати, а како најважни можеме да ги издвоиме:
- Во соработка со Општина Гази Баба, целосно гo легализиравме објектот на стационарот, кој со години функционираше како дивоградба;
- Извршивме целсна реконструкција на двата објекти на стационарот, каде што беше извршена целосна демонтажа на постојните метални боксови и елементи, се изврши реконструкција на покривот, поставена е изолација и фасада која воопшто ја немаше досега;
- Во објектот е поставено ново подно греење;
- Изградена е нова ветеринарна амбуланта во стационарот;
- Добиен е нов простор за администрацијата на јавното претпријатие;
- Изграден е нов парк за кучиња, со терени за ресоцијализација на трауматизирани кучиња, како и нов пристапен пат;
- Со реконструкцијата и проширувањета на стационарот „Лајка“, покрај подобрувањето на условите, во однос на поранешниот стационар „Вардариште“, двојно е зголемен неговиот капацитет, поточно внатрешниот капацитет е зголемен од 81 на 100 внатрешни апартмани за кучиња со подно греење и дополнително се изградени и 60 надворешни боксови за кучиња.
Дополнително, сакаме да потенцираме дека овој стационар и програмата се само дел од новиот концепт за хуман третман и справување со големиот број на улични кучиња. Една од главните цели во воспоставувањето на систем за контрола на нивната популација бара вклучување на повеќе општествени чинители, а клучен во него е процесот на чипирањето на уличните кучиња и домашните миленици што го реализира Агенцијата за храна и ветеринарство.