Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Град Скопје: Загадувањето е над границата само во одредени временски интервали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Градот Скопје реагира на информациите кои изминативе два дена се објавуваа во јавноста околу загаденоста на воздухот во Скопје и рангот на истражувањето на глобалната апликација „Ер вижуал“ (Air Visual), како и напорите на градот за борба против загадувањето.

— реклама —

Од Градот уверуваат дека во изминатиов период просечните вредности на загаденоста на воздухот не ги надминуваат граничните вредности, односно дека тоа се случува само во кратки временски интервали и на одредени локации, додека посочената апликација ги регистрира само највисоките вредности постигнати во одреден момент.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот, кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје е во постапка на набавка на 40 нови еколошки автобуси, инвестиции во електромобилноста, како и во подобрување на инфраструктурата и на условите за користење на велосипедот како превозно средство. За првпат минатата година во неколку наврати во случаи на екстремно загадување, Град Скопје овозможи бесплатен јавен превоз за сите, за да го дестимулира возењето автомобили“, велат од таму.

— реклама —

Од аспект на греењето, од Градот Скопје велат дека е формирано новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности и ја реализира постапката за преземање на градската топлификациска мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје. Покрај ова, велат од таму, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и други течни горива, да набават печки на пелети, кои загадуваат далеку помалку.

„Од аспект на контролата, инспекциските служби на Град Скопје се на терен нонстоп, контролирајќи ги лицата кои креираат и ги палат дивите депонии, каде што активностите на терен резултираа со двојно повеќе казни во однос на истиот период лани. За првпат се користат дронови за мониторирање на изворите на загадувањето, а минатата година беше формиран и 193 центарот за елиминирање на отворени огнови кај бездомни лица. Иако расчистувањето на дивите депонии не е работа на Градот, туку на општините, сепак, од Град Скопје во 2018 се исчистени над 3000 метри кубни диви депонии, далеку повеќе од 2017 (375 м3)“, велат од таму

Од таму апелираат и до преостанатите државни институции, до општините во Скопје и до граѓаните да се вклучат во борбата против загаденоста на воздухот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања