Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Градиме две нови градинки, во Дексион и Ново Село, вели Наумоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
aleksandar-naumovski

Изминатите 4 години се работеше вредно и посветено, со силна поддршка од централната власт. Реализиравме три пати повеќе капитатални проекти во Ѓорче Петров одошто беше реализирано за 12 години претходно. Таа динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините, вели кандиудатот за градоначалник на Ѓорче, Александар Наумовски.

„Нашата општина се посвети на проблеми кои ние не сме ги создале, туку ги наследивме.

Не бегаме од суштинските проблеми и токму затоа тргнавме од најтешкото. Изградба на нови градинки.

Изградивме копмлетно нов објект во Волково и доградивме еден објект со три занимални, со што ги прошируваме капацитетите за близу 300 дечиња.

— реклама —

Но, тука не застануваме. Темелно и посветено, водејќи се од најгорливата тема за обезбедување место во градинката, изработивме проекти за нови градинки.

Градиме две нови градинки, во Дексион и Ново Село. Со ова се решава деценискиот проблем на ѓорчепетровци.

Обезбедуваме дополнителни 300 места за дечињата а истовремено се отвараат и нови работни места за воспитно образовниот и технички кадар.

— реклама —

Нашата програма не е само лист испишана хартија, туку проекти кои се проверени разработени и ја чекаат својата реализација.

Во изминатите четири години граѓаните видоа како се работи посветено за наше Ѓорче.

— реклама —

Токму затоа на 17 октомври направете ја разликата и заокружете 12.

12 за развојно Ѓорче“, вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања