Промени тема
Контакт

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ само бараат пари од Владата, а ништо не работат, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо немаат сработено во првите 100 дена од мандатот ниту за граѓаните ниту за општините, вели СДСМ.

„Граѓаните сведочат само на оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации.

Единственото нешто што го прават се неработа, недостаток на проекти и барања за финансиска помош, додека кај нив не постои никаква иницијатива да се вклучат во справувањето со економската и енергетската криза.

Владата предводена од СДСМ постојано ја покрива нивната неспособност. Така беше за парното во Скопје, така и со мерките за енергетска криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо за граѓаните.

— реклама —

Наследија полни буџети и голем број започнати проекти од претходните локални власти и оние поддржани од централната власт, но не реализираа ништо.

— реклама —

Данела Арсовска е прв пример за неработа и неспособност. Ништо не сработи за три месеци освен што нивелираше шахта и постави мобилни тоалети и се прогласи за ненадлежна за се останато.

Ги излажа скопјани дека ги исчистила депониите, а во секоја општина има депонија.

— реклама —

Скопјани ги остави без парно среде енергетска криза, па Владата презема мерки и обезбеди греење.

Со нивната неспособност и неработа во првите 100 дена се покажаа како најнеуспешните градоначалници во историјата“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања