„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во организација на голема еколошка акција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
danela-arsovska2

,,Во рамки на големиот проект кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија, во средното училиште “Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема. Овој проект им овозможува на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња во кои можат да се дружат, имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници.

— реклама —

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и над педесет ученици од скопските средни училишта „Кочо Рацин“ и „Георги Димитров“ заедно со наставниот кадар, организираа голема еколошка акција за уредување на дворот во средното училиште „Кочо Рацин“ во која засадија дрвја и садници како продолжение на серијата на активности кои Градот Скопје ги реализира заедно со скопските средношколци за подигање на свесноста и зголемување на зелените површини, зелените коридори и паркови во Скопје.

Во рамки на настанот се одржаа интерактивните работилници и предавања, со претставници на еко здруженија од областа на животната средина со цел подигнување на свесноста кај младите за чекорите кои секој поединец може да ги превземе да влијае на заштитата на животната средина и природата.

— реклама —

Важноста и целта на овие проекти е да се поттикнат младите за зачувување, одржување и негување на животната средина како и да се креираат нови паркови површини. Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ градот, како еден од приоритетите од програмата за Модерно Скопје. Изминатиов период заедно со скопските средношколци беа реализирани акции за садење на Водно, парк шумата Гази Баба, а продолжува со реализација и голем проект за уредување на дворните површини на сите 23 градски средни училишта.”, велат од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

danela-arsovska

ВМРО-ДПМНЕ: „Колку е поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна“

Скопје | пред 1 месец

komunalna-skopje

Управниот одбор на „Комунална хигиена“ бара од Арсовска итно да назначи нов директор

Скопје | пред 1 месец

media-library9svvo4pu52rl8q36fCI

И Арсовска им се извини на граѓаните за Мицкоски: „Мислев дека си чесен“

Скопје | пред 3 месеци

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања