Промени тема
Контакт

Градоначалникот Ѓорѓиевски во увид на градежните активности за нов паркинг кај ООУ „Невена Георгиева Дуња“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
10

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на нов паркинг во дворот на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Новиот паркинг, кој ќе се простира на површина од 550 квадратни метри, ќе обезбеди околу 50 паркинг позиции, со инвестиција вредна приближно 450.000 денари. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е уште еден чекор во континуираното решавање на предизвиците поврзани со урбаното живеење:

- Во изминатите три години изградивме над 1500 паркинг места низ општината, со што значително го олеснивме секојдневието на граѓаните. Со изградбата на овој паркинг, придонесуваме кон подобра функционалност и достапност во непосредна близина на училиштето, кое секојдневно го посетуваат ученици, родители и наставен кадар, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој потсети дека, во истиот училишен објект е во тек изградбата на затворен базен, кој треба да биде готов до крајот на мај и дека во насока на заложбата за воведување едносменска настава во сите основни училишта во општината, ова училиште ќе биде проширено.

— реклама —

„Само пред неколку дена заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, направив увид во тековната изградба на затворениот базен во истиот училишен објект. Очекуваме овој значаен проект да биде завршен до крајот на мај. Во контекст на нашата заложба за воведување на едносменска настава во сите основни училишта во општината, со задоволство најавувам дека истото училиште ќе биде и проширено. Веќе имаме подготвена финансиска конструкција за проширувањето, со која општината ќе аплицира на вториот јавен повик од Владата за обезбедување средства за капитални проекти“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

— реклама —

Во училиштето „Невена Георгиева Дуња“се обезбедени се и интерактивни панели кои ќе користат во наставниот процес. Поставен е и нов видео надзор кој ќе ја зголеми безбедноста на учениците, а набавен е и инвентар за училишната кујна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryap2ioodl01eccM1emuH

(Видео) Хаос во Кисела Вода: викање, мавтање со прст, барање за обезбедување и исфрлање на советник, обвинување за закани

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Пожар во Кисела Вода: Се запалило комбе кај „Автомакедонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryqg891ev0gmnd3r92eza

Жители од Кисела Вода повторно без вода: „Истата цевка пука веќе 14 години“

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Без струја дел од Драчево во сабота

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања