Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Градоначалникот на Битола ги прифати оставките во Пелистер, следува ревизија на работењето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-library5ras1q327c0k9O8Qvgv

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на социјалните мрежи соопшти дека ја прифаќа оставката на управувачката структура, техничкиот директор и стручниот штаб на ФК Пелистер по поразот во Кавадарци и испаѓањето на клубот во Втората лига.

Во обраќање до јавноста, Коњановски оцени дека станува збор за тежок ден за спортот во Битола и разочарување за сите љубители на фудбалот.

— реклама —

Тој најави дека ќе биде побарана ревизија на досегашното работење на клубот со цел да се добие јасна слика за состојбите и да се постават нови планови за иднината.

„Овој пораз мора да ни даде насоки каде сме згрешиле и каде треба да бидеме подобри, во интерес на ФК Пелистер и во интерес на Битола“, порача Коњановски.

— реклама —

Градоначалникот нагласи дека Пелистер бил и мора да остане гордост на Битола, додавајќи дека е потребна поголема ангажираност од сите структури поврзани со клубот – од локалната самоуправа и администрацијата, до раководството и играчите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2o25n1rv7uouaV9efTM

Коњановски: Заедно со граѓаните размислуваме, создаваме и работиме

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
Нема фотографија

Коњановски тврди дека има мобинг, своеволие и притисоци во детската градинка Естреа Овадија Мара

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања