Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Коњановски тврди дека има мобинг, своеволие и притисоци во детската градинка Естреа Овадија Мара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Централната власт, продолжува со опструкции врз локалната самоуправа во Битола, овој пат, директно удирајќи по воспитно образовниот процес и нанесувајќи им индиректна штета на нашите најмлади, нашите најмили - децата од предучилишна возраст, вели Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола

„Ветивме промени, а централната власт на секој начин сака да ги стопира промените, не почитувајќи ја волјата на народот, со која се соочија пред само четири месеци.

Во досегашниот период, до Општина Битола беа доставени низа претставки од вработени во ЈОУДГ Естреа Овадија Мара, каде се наведени жалби од однесувањето на директорот на оваа установа.

— реклама —

Јас и во текот на вчерашниот и денот пред тоа се сретнав со повеќе од 50-тина вработени од таа институција.

Мобингот, своеволие, притисоци. Вака вработените ја опишуваат атмосферата во дел од деветте објекти кои се во склоп на градинката, со кои раководи директорката на таа градинка.

Дополнително, група вработени, реагираат и на начинот на одржување и изборот на член во Управниот одбор на установата од редот на вработените, опишувајќи го како нерегуларен, спроведен без присуство на сите членови и во недостаток на гласови, дополнет со глас на директорката која самата гласала. Нелегално избраниот член, не беше изгласан од Советот на општина Битола.

— реклама —

Како локална самоуправа, не можеме да дозволиме ваков начин на функционирање во установите под наша надлежност и ингиренција, поради што целата документација ја доставивме до министерството за труд и социјална политика. Ова впрочем го правиме со повеќе дописки до министерството и за поплаките и преписките кои ги имаат вработените во детската градинка.

Наместо преземање на соодветни мерки, денес, се соочуваме со одземање на ингеренциите за оваа детска градинка, токму поради нашата посветеност за законско спроведување на постапките и обезбедување соодветни услови за работа на вработените, а пред се непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Ја прашуваме почитуваната министерката за труд и социјална политика:

— реклама —

- Дали ќе ги игнорира и понатаму претставките на вработените?

- Дали ќе дозволи партиската волја да го креира начинот на работа во установата?

- Дали незаконското работење е она што го поддржува централната власт на крајот од краиштата?

— реклама —

Очекувам, министерството за труд и социјална политика да запре со опструкциите врз Општина Битола, особено во овој случај кога се во прашање децата, да ја преиспита својата одлука и преку надлежните институции, да спроведе постапка со која ќе се провери работењето на детската градинка Естреа Овадија Мара, а истовремено да создаде услови за професионално и посветено работење на установата.

Во име на промените ветени пред граѓаните, бараме да престанат опструкциите, стопирањата и блокадите.

Граѓаните избраа промени, а промените повторно ќе победат“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk43u7rdvmsvi3zvfdTe

Невремето предизвика штети во Битола, екипите на јавните претпријатија на терен

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library9jfs53m8c4hqaMljnIb

Нов импулс за културата во Битола: Реконструкција на „Партизан“ и реставрација на Јени џамија

Македонија | пред 3 дена

media-libraryljrgmhmtvhrq03LKGb2

(Видео) Во Битола одржана „Вистинска парада на гордоста“ како контранастан на парадата во Скопје

Македонија | пред 4 дена

media-libraryff65cj8cn0o43RJO8pO

Ужас во Битола: Преку социјални мрежи стапил во контакт со 12-годишно девојче, потоа сексуално ја злоупотребувал

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања