Промени тема
Контакт

Градоначалникот на Лондон го блокираше Палантир, компанијата жестоко возврати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library6ff643encdao4cFGfWt

Садик Кан се соочи со критики откако блокираше договор вреден 50 милиони фунти меѓу Метрополитен полицијата и американската технолошка компанија Palantir Technologies.

Преку договорот, лондонската полиција планирала да користи вештачка интелигенција за побрзо водење криминалистички истраги, но од кабинетот на градоначалникот постапката беше стопирана.

Извршниот директор на Палантир за Велика Британија, Луис Мозли, остро реагираше на одлуката, оценувајќи дека таа ќе им оди во прилог на криминалците и на непријателските држави.

— реклама —

„Ако на Метрополитен полицијата не ѝ се дозволи да го користи овој софтвер, тоа значи дека нема да може да распореди повеќе полицајци на терен“, изјави Мозли.

Тој го обвини Кан дека „ја става политиката пред јавната безбедност“.

— реклама —

Од друга страна, од Канцеларијата на градоначалникот за полиција и криминал соопштија дека постапката за набавка била проблематична, бидејќи Палантир бил единствениот сериозно разгледуван понудувач, а полицијата не ја доставила стратегијата за набавка на одобрување.

— реклама —

Дополнителна причина за блокирањето биле и високите трошоци на договорот, кои, според градските власти, можеле да создадат „неприфатлив“ притисок врз буџетот.

Компанијата Палантир, основана од милијардерот Питер Тил, веќе соработува со повеќе британски институции, но во минатото беше критикувана поради прашања поврзани со надзор и приватност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypqsn7vemcr8h4GRABFC

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата уапси седум лица

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-librarysgnjmut7skt3dSRw8XO

Сопругот ѝ починал за време на летот, таа ја скршила кичмата: Сега ја тужи Сингапур ерлајнс

Патувања | пред 2 седмици

media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Четворица повредени во напад со нож во Лондон, уапсена жена

Свет | пред 1 месец

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Убиен 22-годишен маж во Лондон, полицијата започна истрага за убиство

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања