Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Градоначалникот на Сплит најави забрана за продажба на алкохол по 21 часот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryl6o0390m476mbvNtWQN

Градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, најави забрана за продажба на алкохолни пијалаци од 21 часот до 6 часот наутро на територијата на градот, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните и да се заштитат јавниот ред и мир.

— реклама —

Како што наведе, за законските измени што ги побарал Град Сплит следната недела ќе расправа хрватскиот парламент.

— реклама —

„Според предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија ќе биде воведена забрана за продажба на алкохол од 21 часот до шест часот наутро, што значи дека секој град и општина ќе има право да донесе таква одлука. Ние тој предлог ќе го испратиме на јавна расправа, а потоа и до Градскиот совет“, изјави Шута, пренесува Index.hr.

Според него, целта на мерките е зголемување на сигурноста на граѓаните, заштита на јавниот ред и мир, како и подобрување на квалитетот на живот во градските населби.

— реклама —

„Тоа ќе биде голем исчекор за Сплит, а гледаме дека и другите градови ќе постапат слично“, рече Шута.

— реклама —

Тој додаде дека во центарот на Сплит во последните години има голем број продавници за алкохолни пијалаци, што според него е несоодветно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeimfhsi09t6kePr6fOG

Хрватски психијатар за смртта на Периш: Во 21 век сè повеќе ни недостига здрав разум

Балкан | пред 1 час

— реклама —
media-library0dab39acoj3a7tjJLSn

(Видео) Бура и снег создадоа хаос во Хрватска: А1 затворен, на А6 возила заглавени во снег

Настани | пред 2 часа

evra

Просечната нето-плата во Загреб пораснала за 8,1 отсто за една година

Балкан | пред 3 часа

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања