Промени тема
Контакт

Градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pecakov

СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија 8 илјади луѓе, порано беше Наќе крив, сега Пецак им е крив, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е истото СДСМ, чиј што претседател Заев и министер Филипче преговараа за провизии од вакцини, на кои луѓе им умираа за кислород, им се палеа болници и луѓе живи гореа.

СДСМ сака народот да заборави ма целата нивна неспосбност.

— реклама —

А што се однесува на случајот кој што сакаат да го фабрикуваат ококу градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Пецаков на 19 јануари се тестира за потреби од патување, а се изолира веднаш по добивањето на резултатот, СДСМ ќе одговараат за клеветите што ги шират.

Градоначалникот Кирил Пецаков на 19 јануари направил тестирање за КОВИД за потребите од патување во странство со цел добивање на сертификат, а не затоа што чувствувал симптоми. Веднаш по добивањето на резултатот, кој го добил доцна во денот, а на кој бил позитивен се изолирал.

— реклама —

Два дена по првиот тест градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен.

— реклама —

И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози.

Во наредниот период градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета. СДСМ фабрикува случај каде што нема. И за тоа ќе има одговорност за сите инволвирани во фабрикувањето на лагата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања