Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Градот има обврска да им обезбеди непречено движење на лицата со хендикеп, смета кандидатката Петровска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
243027406_286693613290182_2061125084568055216_n

Ана Петровска, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од „Зелен хуман град“ смета дека градот има обврска да им обезбеди непречено движење на лицата со хендикеп.

— реклама —

„Во пријателска атмосфера остварив средба со Звонко Шаврески, претседател на Полио Плус, организација – членка на граѓанската коалиција Зелен хуман град. Услугите што ги дава Градот треба да бидат достапни за сите, вклучително и за ранливите категории. Проблемите со пристапност на лицата со хендикеп почнуваат со првиот чекор надвор од домот.

Заедно заклучивме дека и покрај толку донесени закони, нема доволно свест кај надлежните. За одредени решенија на проблемите со кои се соочуваат лицата со хендикеп дури и не се потребни дополнителни финансиски средства, туку само добра волја за подобрување на нештата. Обележани паркинг места, пристап до домовите и јавните објекти, издигната зебра, звучен семафор, тактилна патека се само дел од потребите кои овие граѓани ги имаат. За непрописно паркирање на места обележани за лица со хендикеп треба да има опомена и казна, но исто така, може да се воведе и општокорисна работа како алатка за едукација. Одговорно раководство на Градот ќе ги дефинира приоритетите за да обезбеди непречено движење на лицата со хендикеп, но и за пристап до сервисите на локалната самоуправа. Затоа што секој човек има право на пристап, право на слободно и непречено движење и можност за нормален живот“, напиша Петровска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања