Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Градската управа забрани средба на Арсовска со Синдикатот на пожарникарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela.arsovska-1200x1200

Денеска на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска и беше забрането да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда каде е сместен Синдикатот на пожарникарите на Скопје.

„Имавме договорена и потврдена средба со претставници на Синдикатот чии регистрирани простории се во рамки на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда. На влезот на зградата ни беше кажано дека со усна наредба е забранет влез за мене и мојот тим во просториите. Јавно прашувам како може некој да биде над законот и да забранува влез на претходно договорен состанок? Ова е класично злоупотребување на функцијата на командирот што е поставен од Петре Шилегов? Од што се плаши Шилегов, јавно нека каже? Јас знам од што е стравот, тој досега со понижување гледаше на пожарникарите. Сите бевме сведоци дури и на ситуации пред медиумите кога ги понижуваше. Проблем му е на Шилегов да излезат во јавност сите понижувања, проблем му е дека досега ништо не направил за нив освен што направи сомнителна набавка на противпожарната скала“, истакна Арсовска.

— реклама —

Таа додаде дека била во неможност да поразговара за програмата посебно во делот што се однесува за противпожарните едници во Скопје.

— реклама —

„Имам цел план како да ја подобрам нивната состојба и како да се надминат сите предизвици. Имам нови и модернизирани решенија за поголема заштита, безбедност и спасување на градот од пожари, но и подобри услови за вработените. Пожарникарите спаѓаат во категоријата работници кои што секојдневно се изложени на висок ризик. Не смееме дополнително да им ја отежнуваме работата! Ќе набавиме комплетна и стандардизирана заштитна униформа за интервенции, набавка на нови противпожарни камиони, теренски возила, возила за технички интервенции и за пренесување пожарникари со цел поефикасно гаснење пожари во урбана средина и за шумски пожари. Нови противпожарни станици ќе има во неколку општини во Скопје, како и реконструкција на сите постоечки. Планирана е и изградба на современ едукативен центар во кругот на единицата за вежба и усовршување на вештините на вработените, како и доедукација во специјализирани центри надвор од државата”, додаде Арсовска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања