Пратениците добија двојка од граѓаните за нивната работа годинава. Се противат на повеќемесечните блокади и сметаат дека конечно треба да почнат да си ја вршат работата за која се избрани, па ако треба и онлајн, покажува теренската анкета на Институтот за демократија, објави Телма.
Најголем дел од граѓаните сметаат дека пратениците секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии, своите лични интереси како и бизнис интересите. Не се задоволни ниту од квалитетот на законите што се носат и сметаат дека тие се менуваат пречесто. Половина сметаат дека излагањата на пратениците воопшто не се аргументирани.
Спасот од овие појави граѓаните го гледаат во промената на изборниот модел.