Граѓаните и дадоа Црвен картон, Законот не ја дава Данела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Секој е минлив и менлив кај нас, освен нивната „висост” градоначалниците.

— реклама —

Затоа им е битно да им поверуваат граѓаните, да се приклонат на вистинската страна, па после, многумина, забораваат на се што ветиле. Важно е да се истурка 4 годишниот мандат, да се сработи што помалку а да се потсобере што повеќе. Ова особено за оние кои не се надеваат на втор мандат.

— реклама —

Типичен пример е скопската градоначалничка Данела Арсовска. На парламентарните избори на кои се амбицираше на пратенички места доби „цели” 1.571 во Скопје.

— реклама —

Отворено е прашањето со кое лице и кредибилитет ја врши функцијата. Сликите од Скопје се слични како во хорор филмови. Ветуваше ред во урбанизмот, пет нови мега паркови, бесплатен автобуски превоз, 5 нови булевари, ревидирање на проценка на данок на имот, гасификација, 25% поевтини паркинзи, Водно – зелен штит на Скопје, сообраќаен коридор Мавровка, најдобар Луна парк на Балканот, 250 нови еколошки автобуси, стоп на корупција, Скопје без заборавени населби, зелен кеј од Ѓорче до Ново Лисиче, еколошки зелен совет, зелени коридори Серава и Лепенец. И од ова речиси нула реализација. Затоа толкав и е и рејтингот и угледот кај скопјани.

Но, ако самата не се засрами и си даде оставка ќе си го истера цел мандат поради законските решенија. И претседател може да се смени, но не и Данела.

За распишување референдум, потребни се околу 46.000 потписи од скопјани, попрецизно – 10% од граѓаните на главниот град. Но ова нема да има законски ефект, потребна е и измена во Законот за локална самоуправа, кој до 1996 година давал можност за отповикување на градоначалник. По измените од 2002 година, градоначалник може да биде сменет само ако е фатен во вршење на кривично дело, ако е деловно неспособен, во случај на смрт.

Значи доколку граѓаните се незадоволни се со врзани раце. Тие ќе си кукаат по социјални мрежи и толку. Новинарите ќе пишуваат и толку, зошто Арсовска одлучи да комуницира само со одредени медиуми. Затоа внимателно при изборот: се бира мајка или татко на градот а не очув или маќеа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања