Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата“, вели Битиќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarybd677t6sts5o8Tj5LFw

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска на прес-конференција во Собранието оцени дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра ќе претставува сериозен финансиски товар за граѓаните поради високите каматни стапки.

Според Битиќи, врз основа на актуелниот шестмесечен ЕУРИБОР од 2,562 проценти и договорената маржа од 2,10 процентни поени, заемот во моментов би чинел околу 4,66 проценти годишно.

— реклама —

Тој посочи дека, зависно од распоредот на отплата, државата би платила меѓу 58 и 64 милиони евра само за камати, а заедно со еднократниот надоместок од 3,64 милиони евра, вкупниот директен финансиски товар би се движел од 61 до 67 милиони евра, без дополнителните трошоци.

— реклама —

„Ова е реалната цена што граѓаните ќе ја платат уште пред да почувствуваат било каков економски ефект“, изјави Битиќи.

— реклама —

Тој обвини дека средствата од новото задолжување нема да бидат насочени кон подобрување на животниот стандард, туку, како што рече, за „партиски тендери, омилени фирми и луксузирање на власта“.

Битиќи додаде дека за две години владата предводена од Христијан Мицкоски создала нов долг од 2,5 милијарди евра, додека јавниот долг достигнал, како што наведе, рекордни 11 милијарди евра.

Од СДСМ најавија дека ќе се спротивстават на новото задолжување на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања