„Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата“, вели Битиќи
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска на прес-конференција во Собранието оцени дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра ќе претставува сериозен финансиски товар за граѓаните поради високите каматни стапки.Според Битиќи, врз основа на актуелниот шестмесечен ЕУРИБОР од 2,562 проценти и договорената маржа од 2,10 процентни поени, заемот во моментов би чинел околу 4,66 проценти годишно.Тој посочи дека, зависно од распоредот на отплата, државата би платила меѓу 58 и 64 милиони евра
Македонија | пред 1 месец